| четврток, 6 декември 2018 |

Субрата Рој зеде 5353 хектари државно земјиште на 15 години

subrata roj ljubanista1Закуп на 5353 хектари државно земјиште на 15 години. Компанијата ќе плаќа 121 000 евра годишно – ова е дел од договорот  за закуп на агрокомбинатот Џумајлија, склучен со Сахара Корпорејшн Лимитед, објавен на сајтот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Индискиот мултимилјардер, Субрата Рој, најави дека во првите три години ќе вложи преку 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија, за што веќе е уплатена банкарска гаранција.

Покрај тоа, предвидено е вработување на над 2.000 лица, како и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

Инвестициите ќе се одвиваат етапно, а за 18 месеци компанијата е обврзана да вложи 60 милиони евра и да вработи 900 лица.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top