| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална сообраќајка попладнево кај Гостивар: Мотоциклист се забил во приколка од трактор, загинал на лице место (фото)

Фатална сообраќајка се случила околу 14.20 часот денеска во близина на Гостивар во која Х.А. (25) од гостиварското село Здуње го загубил животот откако со мотор Јамаха удрил во приколка од трактор.

Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево. Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.

 

Во тек е увид од јавен обвинител, информираат од СВР Тетово. Сообраќајот на овој дел од магистралата се одвива нормално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top