| четврток, 6 декември 2018 |

По нападот во куќата на пејачката се огласи Цеца: Во текот на денот очекувам апсење

Денеска во 6:45 часот непознати лица со два автомобили од марката „Мини Купер“ и еден караван ја нападнале куќата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Според српските медиуми тие со возилата ја удирале капијата на пејачката, а потоа побегнале во непознат правец. Според сознанијата напаѓачите возеле „Мини Купер“ и еден караван со кои налетале право во куќата на Цеца.

-Очекувам апсење во текот на денот, полицијата ги има снимките, ова е намерен вандалски напад во приватен имот, изјави Цеца за српски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top