Нерасчистени должничко-доверителски односи и меѓусебни закани меѓу довчерашни ортаци во нелегални бизниси се можна причина за класичната ликвидација во петокот ноќта во центарот на Скопје, сметаат запознаени извори, пренесува Вечер.мк.
Првата жртва што почина во престрелката на „Рузвелтова” во петокот е Наим Ајети, кој е брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој беше, исто така, ликвидиран изрешетан во својата чајџилница во населбата Ченто пред пет години.
Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство се дел од кривичните дела за кои се гонел. Ајети бил дел во скопското подземје, познат и како нарко бос и човек кој се занимавал со лихварство. На социјалните мрежи објавувал фотографии каде се гледа дека е во друштво на познати бизнисмени.
Според соговорниците, сега убиениот Наим Ајети го наследил својот брат на чело на криминална група и продолжил со криминалите за кои претходно бил гонет и осомничен неговиот брат. Еден од можните мотиви според сомневањата на лица запознаени со функционирањето на скопското подземје, е можеби пресметка за превласт во подземјето меѓу неколку криминални групации.
Меѓутоа, постојат и мислења дека станува збор за нарачана ликвидација на Наим Ајети, од негов поранешен ортак во „бизнисот” кој му должел 75.000 евра, кои сега убиениот ги барал со закани по животот на должникот, на што исто така му било возвраќано со смртни закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст