| четврток, 6 декември 2018 |

Отстранет член на избирачки одбор во Чаир, агитирал на избирачко место

Член на избирачки одбор во Чаир е повлечен затоа што агитирал на самото избирачко место, соопштија од Државната изборна комисија. На неговото место е ставен нов службеник, по што гласањето продолжило да се одвива непречено.

– Не знам за што и како агитирал, само знам дека тоа што го правел е строго забрането согласно законот. Повикана е избирачка комисија и како што е пропишано е извршена неговата замена, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Надвор од тоа, рече Деркоски, денот се одвива најнормално со мали ситни инциденти кои се санкционираат на време со асистенција на полицијата.

– Во целина нема посериозни нарушувања на целиот ден. Апелирам до граѓаните до крајот на референдумот до 19 часот да го искажат својот демократски капацитет, рече претседателот на ДИК и најави санкции до сите кои го прекршиле или ќе го прекршат законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top