| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани го бојкотираат референдумот – слаба излезност до 13 часот

Изјаснувањето на граѓаните по однос Референдумот во општина Охрид се одвива непреченo на сите гласачки места. Се бележи далеку помала излезност од онаа на минатите избори.

Претседателот на ОИК на Охрид, Димитрија Вревезоски, изјави дека според Единствениот избирачки список во кој се запишани и граѓаните кои живеат во странство до 13 часот правото на глас го искористиле 8.598 граѓани или 16,48 отсто од граѓаните.

За разлика од денес, охриѓани повеќе гласале на локалните избори кои се одржаа во октомври минатата година.

До 13 часот 25,03% од граѓаните на општина Охрид го оставрија своето избирачко право на локалните избори.

Во Охрид, на предвремените парламентарни избори во 2016-та година, до 13 часот гласале 35,30% од избирачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top