Францускиот амбасадор во Србија, Франсоа Гзавије Денио, смета дека преговорите на Србија за членство во ЕУ ќе започнат помеѓу состаноците на Европскиот совет од 20-ти декември и 31-ви јануари. Вели сега е најважно Србија добро да се подготви.
На прашањето што значи терминот „потполна нормализација на односите со Косово“ тој одговара „конкретна, одржлива и видлива примена на договорот помеѓу Белград и Приштина од април и мај годинава“. Тој термин, образложува Денио, не значи признавање на Косово. Дипломататот наведува дека тоа го нема во договорите и потсетува дека пред секоја важна одлука на Европскиот совет, се одржуваат француско-германски состаноци, поради посебен партнерски однос на државите.
Тој додаде дека Париз не се сомнева дека српската влада е подготвена да го примени она што го потпишала, односно Бриселскиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


