| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се полнат кутии? Скопје преплавено со автобуси од Косово, се носат гласачи (Фото)

Денеска Скопје е преплавено со автобуси и комбиња од Косово.

Како што пишуваат дел од медиумите во земјата, станува збор за гласачи кои што денеска би гласале на престојниот референдум на кој што се одлучува за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Најинтересно и за напоменување е фактот што сите невладини и борци за човекови права кои пред неколку години ги жигосуваа Македонците од Пустец денеска ги нема живи (Можеби луѓево се на викенд, или од други нивни причини нема да бидат во родните места).

Од наши извори дознаваме дека се работи за автобуси кои два дена се во главниот град, полни со косовари кои треба да го дадат својот глас за Северна. Се работи за истите оние кои имаат двојно, а некогаш и тројно државјанство, односно се дел од 150 илјади пасоши кои Бранко Црвенковски им ги подели за време на бегалската криза на Косово.

Инаку, автобусите се фотографирани на паркингот кај Скопското Кале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top