| четврток, 6 декември 2018 |

Славната пејачка признала дека Том Круз и’ бил најдобриот љубовник: Се запознале на венчавката на Мадона!

Американската пејачка и актерка Шер признала дека своевремено имала кратка романса со колегата Том Круз. Се запознале на венчавката на Шон Пен и Мадона, а она што ги споило е дислексијата.

Шер признала дека уживала во врската и дека обајцата почувствувале привлечност кога првпат се запознале во 1985 година. Интересно е што кога се запознале Том имал 22 години и бил познат по филмот „Risky Business“.

„Сепак, она што ги зближило било дислексијата.

„Беа поканети многу луѓе со дислексија во Белата куќа, а јас и Том обајцата сме дислексични. Не започнавме веднаш врска, но тогаш се поврзавме“, открила пејачката.

Шер изјавила дека Том Круз бил еден од петте најдобри љубовници со кои била. Потврдила дека останале во контакт, но дека не зборуваат за неговите верување, бидејќи таа не може да ги разбере нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top