| четврток, 6 декември 2018 |

Познати дами што сакаат мажи, но и жени

Тие се некои од најатрактивните жени во светот и можат да го имаат кој било маж што ќе го посакаат, но тие се палат и на припаднички од сопствениот пол. За нивната сексуална определба се коментира многу, а дел од нив се имаат и изјаснето и признато дека сакааат акција во кревет и со мажи и со жени.

Меган Фокс

Во интервјуто што го дала за списанието Ecquire во 2011 година, потврдила дека сака и мажи и жени.

„Јас сум бисексуалка и не се двоумам околу тоа. Но, истовремено сум и лицемерна затоа што никогаш не би излегувала со жена која е бисексуалка затоа што тоа значи дека и таа би спиела со мажи, а мажите се толку многу гадни, па поради тоа никогаш не би сакала да спијам со жена која спиела со маж”, пробала да објасни сексапилната актерка.

Амбер Херд

„Точно е дека имам водено љубов и со жена, не сакам да го кријам тоа“, изјавила убавата Амбер во едно интервју.

Анџелина Џоли

„Некогаш сакав жени и спиев со нив. Знаете, многу потешко е жена да задоволи жена, отколку маж да задоволи жена. Има тука голема филозофија”, рекла актерката, која е мајка на шест деца.

Дру Баримор

Дали жените ме привлекуваат сексуално? Да, многу! Отсекогаш сум се сметала за бисексуалка, ги сакам женските тела“, изјавила актерката во 2003 година во интервју за магазинот „Контакт”.

Ферги

Пејачката во групата „Black Eyed Peas” ги потврди гласините за својот сексуален идентитет во едно
интревју во 2009 година. Инаку, неодамна е разведе од актерот Џош Духамел, со кого беше во брак околу осум години.

Амбер Роуз

Најголемата непријателка на Ким Кардашијан и поранешна девојка на Канје Вест ги разјасни гласините за својата сексуалност пред две години.

„Јас сум многу отворена кога сексуалноста е во прашање. Можам да бидам заљубена и во жена и во маж. Можам да пронајдам убавина во секој, без разлика дали е слаб, дебел, без разлика на бојата на кожата или религијата. Ги сакам сите“, рекла Амбер во една прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top