| четврток, 6 декември 2018 |

Во 69 општини се одвива гласање на болни и инвалидизирани лица

Гласаат болните и инвалидизирани лица во своите домови, од вкупно 80 општини во земјава гласањето денеска се одвиваше  во 69 , каде што избирачките одбори посетија 1859 болни и инвалидизирани лица. Една од нив е и 81 годишната штипјанката Маре Станкова, која за првпат гласа дома.

До Државната изборна комисија пристигнати се 10 приговори, од кои само два се одбиени. Одбиени се затоа што на еден гласач му е поништено живеалиштетот од МВР, а вториот немал важички документи за лична идентификација.

Општинските изборни комисии информираат дека гласањето на болните и изнемоштени лица поминало без проблеми, а мирен ден се очекува и утре кога граѓаните ќе можат да го искористат правото на глас на Рефрендумот 2018.

Избирачките одбори денеска во придружба на полицијата го носеа и материјалот на гласачките места, кои утре ќе бидат отворени во седум, а затворени во 19 часот.

 

извор: телма.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top