Американскиот претседател Барак Обама го повика Долниот дом на Конгресот на САД да го усвои законот за имиграција, кој изминатиот месец го усвои Сенатот, а кој предвидува значајни мерки и реформи на имиграцискиот процес.
Американскиот Сенат на крајот на јуни го усвои долгоочекуваниот закон, кој на милиони имигранти ширум САД ќе им овозможи да добијат државјанство на оваа земја.
Обама во редовното неделно радиско обраќање до нацијата оцени дека усвојувањето на законот би придонело за заздравување на американската економија.
Покрај отворањето врати за околу 11,5 милиони имигранти кои веќе се наоѓаат во САД, овој закон ќе ја обврзе Владата да преземе нови чекори со цел спречување на илегалната имиграција во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.