| четврток, 6 декември 2018 |

Стефановиќ: Уапсени Срби на северот од Косово без никаква вина!

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјавил дека на северот од Косово се уапсени Срби кои не направиле никакво кривично дело.

Во соопштението од МУП е наведено дека Стефановиќ на директорот на полицијата му наложил специјалните и посебни полициски единици да ги стави во борба на приправност поради нападот на Албанците на северот од Косово.

Стефановиќ посочил дека српската полиција ќе продолжи да го следи развојот на ситуацијата и ќе ги преземе сите мерки кои државата ќе ги наложи.

-По повод нападот од Албанците на северот на Косово и Метохија и апсењето на Србите кои не направиле никакво кривично дело, му наложив на директорот на полиција сите специјални и посебни полициски единици да ги стави во состојба на највисока приправност, вели првиот човек на српската полиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top