| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ладнокрвното убиство е поврзано со договарањата на криминалните структури пред референдумот?!

Две лица се починати, едно лице се бори за живот по синоќешната престрелка на улица „Рузвелтова“ во Скопје. Според информациите на очевидци криминалната пресметка почнала пред објектот на СЈО на „Рузвелтова“ во Скопје. Непознати лица од автомобил во движење со рафали пукале во друг автомобил. Биле испукани над 30 куршуми.

Возилото во кое се наоѓале загинатите и повредениот било начекано веднаш по семафорите на крстосницата со „Партизанска“, по што бркотницата продолжила до наредната крстосница со „Орце Николов“, на 300 метри оддалеченост. На „Рузвелтува“ изрешетаното возило преминало во спротивната лента и се судрило првин со едно возило кое случајно поминувало, а потоа и со друго паркирано возило пред кафулињата кои се наоѓаат во близина. Напаѓачите веднаш избегале…

Во петок навечер, кога кафулињата се полни, во период кога затвораат локалите и фрекфенцијата на луѓе низ улиците е голема, особено во овој дел на градот, се испукани над 30 куршуми од автомобил во движење. Чиста среќа е што не настрадал никој од случајните минувачи.Безбедноста во градот е на ужасно ниво. Ова ги крена граѓаните на нозе. Страв, паника, несигурност. На социјалните мрежи се крена врева околу амнестијата на голем број криминалци, убијци кои се најдоа на слобода. Велат Скопје стана како Бејрут. Многу убиства пукање, разрешници нема.

Скопје како Бејрут, седете дома за да бидете безбедни

-Вакви работи се случуваат секогаш кога СДС е на власт. Ова е резултатот кога криминалците се на слобода. Инаку, Проливер знае – коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Кај некои се појави сомнеж дека ова има некаква поврзаност со референдумот и обидот тој со сила да биде успешен. Граѓаните прашуваат дали ладнокрвното убиство е поврзано со договарањата на криминалните структури пред референдумот?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top