| четврток, 6 декември 2018 |

Нема потреба од паника во Македонија за мајмунските сипаници

Нема простор за паника од појава на мајмунски сипаници во Македонија. Ова го тврдат епидемиолози и инфектолози од Комисијата за заразни болести, кои денеска расправаа за вирусот кој ги крена на нозе нивните колеги во регионот по ширењето на заразата од Африка во Европа. Со едукативни материјали ќе ги информираат граѓаните кои патуваат во афричките земји, но и оние кои доаѓаат од ризични региони.

– Не знам зошто толку врева, овој вирус и порано од Африка се пренесе во Америка со 70-тина заболени и еве сега со појава на случаи и во Велика Британија. Препорака за оние кои одат да внимаваат на глодари и да не јадат месо од глодари, вели др. Миле, претседател на Комисија за заразни болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top