| четврток, 6 декември 2018 |

Толку од мораториумот за градење во центар: Започна проектот за изградба на подземната сообраќајница!

Во центарот на Скопје на површина колку 13 фудбалски терени на старт на сезона на загадување воздух, започнуваат градежни работи (копање, ѕидање, бетонирање).  Имено за 22 месеци треба да биде готова подземната сообраќајница на јужен булевар, најави инвеститорот на проектот, „Лимак Холдинг“. Толку од мораториумот за градење низ Центар. Сега на градската власт не и пречат градежни активности во центарот на Скопје.

Градежните работи за изградба на булеварот под земја се веќе почнати и паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

Подземната улица од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има по две коловозни ленти од двете страни, посебна лента за движење на автобуси и ќе биде со должина од 800 метри. Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на ’Дајмонд Скопје‘ комплексот. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра.Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни. Максималната висина на објектите кои ќе се градат е 20 ката плус приземје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top