Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(39) од Скопје и против правно лице Друштво за туризам, промет и услуги „Њу вејс оф травел“ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.
Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, во деловна исправа-фактура од 17 јуни оваа година, внела невистинити податоци односно фалсификувала фактура со цел да прикаже дека е изготвена од хотел во Охрид, за престој на гости во хотелот а врз основа на претходен склучен договор на „Њу вејс оф травел“ со МАНУ за реализирани услуги при хотелско смесување. Пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во фактура од правното лице внесла фалсификуван износ од 70,866 денари, по што ја употребиле како да е вистинита иако оригиналната фактура од хотелот била во износ од 41. 654,оо денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст