| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен сообраќаен режим утре на улицата кај Општина Центар

Во организација на олдтајмер клуб „Класик АВЈ“ – Скопје, утре во периодот од 09 до 17 часот, на улицата „Михаил Цоков“ (до Општината Центар) ќе се одржи меѓународна изложба на олдтајмери „Олдтајмер Ревија Скопје-Центар 2018“.

Поради тоа, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, во близина на оваа сообраќајница додека трае изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top