ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје оваа недела одбележува два големи јубилеја, 38 години од основањето на Клиниката и 18 години од изведувањето на првата трансплантација на матични хематопетски клетки во Република Македонија.
По тој повод денеска беше отворен комплетно реновиран Специјалистичко-консултативниот оддел од Клиниката, популарно наречен „Амбуланта на ЈЗУ УК за хематологија”.
Амбулантата ќе почне да работи со пациенти од први октомври, понеделник.
– Со реновираниот оддел сакаме да покажеме дека сме еден од добрите примери за тоа како пациентите во јавна здравствена установа покрај врвната медицинска услуга можат да добијат и комплетен современ третман од аспект на чувството за достоинство, удобност, згриженост како и почит за нивното време.
Обезбедивме европски услови не само за македонските осигуреници туку и подобри услови за работа на медицинскиот персонал – информираат од Клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст