| четврток, 6 декември 2018 |

МВР открила дека обвинет за 27 април во куќен притвор не е дома, домашните престрашени

Полициски службеници кои што вршат контрола дали обвинети во судски процеси кои што се во куќен притвор ја почитуваат судската одлука, утврдиле дека обвинет за 27 април не е дома, дознава expres.mk од извори во МВР.

Инцидентот се случил пред десетина денови по 20 часот навечер кога полициските службеници посетиле дом на еден обвинет во процесот за 27 април и предизвикале растревоженост кај семејството кое што било престрашено од посетата на полициските службеници кои што го барале членот на нивното семејство.

На полицајците им било речено дека обвинетиот не е дома затоа што се наоѓа во суд на рочиште но припадниците на МВР не сакале да проверуваат и инсистирале на објаснување каде е обвинетиот со што кај семејството предизвикале страв дека нешто му се случило на членот на семејството.

За време на проверката на полицијата во домот на обвинетиот обвинетиот бил во скопскиот кривичен суд каде што процесот трае и по 14 часа дневно.

Пред неколку дена судењето за 27 април траело од од 10 часот наутро до пред полноќ поради што сите обвинети во куќен притвор не можат да бидат дома ако во истиот период полицијата врши проверка на почитувањето на одлуката за куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top