| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно антиромски протести во Чешка (фото)

h_50029211Чешката полиција привела 60тина учесници во антиромските протести во Ческе Будејовице. Полицијата спречила околу 300 демонстранти  да влезат во ромската населба „Мај“. Во таа населба и претходните два викенда полицијата ги запираше  антиромски радикали. Приведени беа над сто лица, а десетина беа повредени.

Меѓуетничките тензии и протести траат од 21 јуни, по масовна тепачка на детско игралиште во која учествувале повеќе од сто возрасни луѓе и кога десетина лица беа сериозни повредени.

И во околните места, локалното население неколкупати организираше демонстрации откако кон крајот на мај, неколку Роми без причина нападнале и брутално претепале брачен пар на улица. 

Ромите во Чешка подолг период се цел на етнички напади. Во 2011 радикалите во Варнсдорф неколку дена по ред, специјалната полиција стоеше како ограда меѓу десничарите и насобраните Роми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top