„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период.
За таа цел, директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изврши увид на моменталната состојба на оваа локација, а како што најави, градежните активности ќе започнат веднаш штом ќе завршат законските рокови околу тендерската постапка.
-„ Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во Македонија, „Охридско лето“. Од друга страна, таа ќе биде и удобно катче за публиката. Планирано е, градежните активности да завршат во декември, вели Поповиќ.
Според директорката, сцената ќе претпрпи комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот и заради заштита од атмосферски влијанија.
Што се однесува до гледалиштата на „Долни Сарај“, ќе биде извршена комплетна санација на постоечките, а ќе се постават и ново западно и ново централно гледалиште, со што, капацитетот наменет за публиката ќе се зголеми за околу 40 отсто. Исто така, проектот предвидува и проширување на пристапниот влез за товарни возила до самата сцена.
Комплетно санирана ќе биде и терасата на „Долни Сарај“ која лежи над самото Охридско Езеро. Таму ќе се реновира подот, како и постоечката бетонска ограда. Проектната документација предвидува и комплетно реновирање и проширување на пристапните скали кон терасата.
Предвидено е и некоклукратно зголемување на капицитетот на електричната моќност, а целиот простор ќе добие и ново хортикултурно уредување.
Целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиони денари, од кои 1,4 милиони денари ги обезбеди Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за култура за 2018 година, а останатите средства, фестивалот ги обезбеди претходно со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст