| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети,ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас

Вечерва сме во посета ова попладне, односно на Општините Македонска Каменица и вечерва овде во Делчево. Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев по вечерашната посета на овие општини и додаде:

-Она што можам да го кажам при овие средби е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме.

-Уште еднаш само сакам да упатам апел до сите оние кои што се осеќаат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот, потенцираше Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top