| четврток, 6 декември 2018 |

За Република Македонија има план Б!

 Алдо Климан

Бесрамни лаги, измами, закани, застрашувања и уцени до последниот момент.

Јоханес Хан, самоповиканиот и самопоканет учесник во црната референдумска кампања за уништување на македонскиот народ и на македонската држава, и најагилен креатор на валканите уценувачки слогани за потребите на квинслишката власт на Зоран Заев, неодамна во пропагандни цели ја лансира флоскулата дека за Македонија не постои план Б, и оти постои само планот А, а тоа е прифаќање на капитулантскиот и предавнички договор со Грција, со кој засекогаш треба нас македонците да нѐ снема и како народ и како држава. И еве сега, баш спроти референдумот, тој ступиден фашистоиден слоган, таа подмолна уценувачка флоскула, провладините медиуми во земјава и во странство, ја туркаат во преден план, со намера да создадат уште поголем хаос, немир, неспокојство и несигурност кај граѓаните на Република Македонија.

Се разбира дека мразно студениот туѓинец од далечниот север Јоханес Хан нема и не може да има никаков план Б за Македонија, бидејќи Македонија нему ништо не му значи, па и тој како и најмизерниот велепредавник меѓу сите велепредавници Зоран Заев, со целата своја марионетска и големоалбанска клика, се заиграл со судбината на македонскиот народ и на нашата прекрасна татковина Македонија, ставајќи ги на коцка, и тоа на само една препознатлива бројка на рулетот: 30.09.2018 – на очекуваниот референдумски триумф на нивниот организиран, во светот и во историјата незпомнет злосторнички потфат. Навистина, злосторниците понекогаш и успеваат во својот мрачен наум, но овојпат, „господа“ ништители, вие сте сосема прочитани и фатени на (не)дело во извршувањето на вашиот морбиден антицивлизациски заговор и наговор за општонационално самоубиство на македонскиот народ и уништување на нашата суверена држава Република Македонија.

Но, господине Хан, и сите вие бедни заевски изроди и измамници колку што ве има – за среќа на нормалните луѓе и на човештвото, најразлични се патиштата што водат кон иднината, па така и кон зачленувањето во Европската Унија. Не постои само тој ваш насилен, уценувачки, ништителски и суициден пат на кој со политички стапови и камшици го терате овој стар, напатен и умен македонски народ кој опстојувал, опстанал и со векови и векови преживеал на оваа речиси без прекин и од сите страни најатакувана убава земја во срцето на Европа – Македонија. Кажете, впрочем, што ќе се случи ако не ви помине ступидниот фашистички референдумски план А? Зарем веднаш под Македонија и под македонскиот народ ќе се отвори црната земја и во неа ќе пропаднат и физички ќе ги снема? Не, нема тоа да се случи. Република Македонија ќе си биде таму каде што е, а македонскиот народ и сите други нејзини граѓани наредниот ден, на 1 октомври 2018, и секој друг ден натаму, убаво ќе си се разбудат, ќе испијат кафе, ќе си каснат бурекче, ѓеврече, кроасан или нешто друго и ќе си одат на работа или по други обврски, децата ќе си одат во градинки и во училишта, пензионерите ќе си ги побараат пријателите да играат дама или шах, на сите страни ќе се подготвува и ќе мириса нашата традиционално богата домашна зимница, а преубавите македонски народни песни и музика ќе се пеат и ќе се слушаат уште послатко и погласно од кога и да е порано.

Туѓинецу Хан и велепредавнику Заев, црната земја би се отворила под нас само во случај кога вашиот мрачен, идиотски, ништителски план А би се реализирал.

Затоа за Македонија и за македонскиот народ не постои тој ваш план А!

Македонскиот народ и Македонија имаат план Б!

И немојте да се залажувате и да мислите оти црната сенка и смртната закана што подмолно и со најперфидни интриги и измами ја наднесовте над Република Македонија и над македонскиот народ не ги сфаќаме многу сериозно. Не, токму спротивно, ги сфаќаме најсериозно, зашто предобро знаеме со колку опасни луѓе имаме работа и оти, еве, уште еднаш се покажува дека фашизмот не избира ни средства, ни методи, ни маски на лицето, само за да ги оствари и своите најстравотни геноцидни цели.

Затоа нам ни останува општиот БОЈКОТ на незаконскиот и ненароден, антинационален и антидржавен референдум, со подмолно и измамнички обмисленото повеќезначно прашање што веќе е одиозно и да се спомнува.

БОЈКОТОТ на неделниот референдум е нашата решавачка битка за Македонија и за македонскиот народ, и таа битка ќе ја добиеме!

А потоа следи планот Б, што вам туѓинецу Хан и велепредавнику Заев нема да ви се допадне:

а / предвремени парламентарни избори за да се отстрани предавничкиот црн заевски диктаторски мозул со сите негови корумпирани метастази во власта и околу неа

б/ поништување на сите штетни меѓународни договори и недемократски и насилно донесени закони

в/ консолидација на девастираниот и ограбен национален буџет

г/ општонационално помирување

д/ отворање нови преговарачки процеси со соседите и со другите меѓународни субјекти, но овојпат државнички, достоинствено, со крената глава, со сопственото историско национално име македонка, македонец, и со историското, уставно име на нашата суверена држава Република Македонија.

Единственото отворено прашање за милион долари е тоа дали од другата страна на преговарачката маса тогаш ќе бидат истите безобѕирни и безобразни меѓународни уценувачи, зашто е повеќе одошто сигурно дека повеќето од нив ќе ги помете демократската метла на скорешните пролетни европски избори. Но што ни е нам гајле за тоа: ние ќе си ги имаме зачувано своето национално име, својот македонски јазик, својот национален идентитет и својата единствена татковина Република Македонија, која по овие стравотни и болни искуства со велепредавничкото лудило и политичката хистерија на заевштината бездруго ќе најде и вистински пат и начин смирено, демократски, домаќински да си ги решава внатрешните и надворешните отворени прашања и проблеми, и, како секогаш досега во историјата, да му придонесува на современото човештво со своите изворни хуманистички вредности и остварувања.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top