Почитувани,
На крајот сме на кампањата за референдумот, денес сме во скопски Аеродром и Ново Лисиче да разговараме со граѓаните.
Атмосферата е јасна. Пораките од граѓаните се исто така прецизни, значајно мнозинство на народот се спротивставува на овој договор. И тоа е она што го чувствуваме од средбите со граѓаните.
Би сакал да упатам последна порака пред се до власта да не ни помислува да го лажира референдумот во недела. Нити да присилува луѓе да направат нешто што не сакаат да направат, нити да полни кутии затоа што жестоко ќе спротивставиме на тоа.
Во недела треба да има едно демократско изјаснување, секој граѓанин самиот да одлучи што ќе прави. И тоа мора да биде испочитувано, и морат да бидат создадени демократски услови истото да биде испочитувано.
Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст