| четврток, 6 декември 2018 |

Прв насилен инцидент поврзан со референдумот: Советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово ?

Доцна попладнево дојдовме до сознанија дека веќе е регистриран првиот насилен инцидент во врска со претстојниот референдум. Според информациите кои ги добивме, среде бел ден во Тетово, физички биле нападнати две момчиња кои делеле флаери поврзани со гласањето во недела.

МВР засега молчи и не објавува никакви детали околу случајот, ниту дали е приведен сторителот на насилството. Се обративме и официјално да побараме информација, но сеуште нема никаков одговор. Одлучивме да објавиме за инцидентот со оглед на фактот дека доцна вечерва стапува на сила молкот.

Според информациите кои ги добивме, Силвио Аврамовски, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев ги забележал двете момчиња во близина на зелениот пазар во тетово, по што им се приближил и физички ги нападнал. Инцидентот се случил околу 11.30 часот пред ординацијата „Аполон“ каде што момчињата делеле пропаганден материјал околу референдумот. Советникот на Заев најпрвин им го одзел материјалот, па потоа им се заканил. Во еден момент тргнал и физички, со тупаници да нападне едно од момчињата, по што му задал удар со нога во грбот.

Случајот околу пладне бил и пријасвен во тетовската полиција, а момчињата биле упатени да извадат лекарско уверение. Засега нема информации дали советникот на Заев или луѓето кои биле со него се повикани во полиција.

Силвио Аврамовски стана познат во јавноста откако ВМРО ДПМНЕ откри скандалозни моменти од неговата биографија и отворено праша дали бил инволвиран во преходни вооружени инциденти?

фото:Архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top