| четврток, 6 декември 2018 |

Расни тензии во САД по судски процес (фото)

h_50917282Расните тензии во САД го запалија алармот од можни расни немири, откако синоќа поротата во градот Сенфорд во Флорида го ослободи од обвиненијата 28-годишниот Џорџ Зимерман, обвинет за ланмското  убиство на 17 годишното момче Трејвон Мартин.

На 26 февруари лани, датата на контроверзниот настан, Зимерман вечерта го видел Мартин како се движи меѓу куќите низ населбата во која живеел. Населбата била честа цел на крадци, па Зимерман повикал полиција но и се обидел да го запре момчето, кое одело кон куќата на неговиот татко. По расправијата, Мартин го соборил Зимерман и почнал да го удира, па Зимерман смртно го застрелал во градите.

Зимерман потекнува од бел татко и Хиспаноамериканска мајка, додека Мартин е Афроамериканец му даде расна конотација на целиот случај, особено откако обвинителот го ослободи без обвинение како случај на убиство во самоодбрана. Законот на Флорида дозволува граѓаните да употребат сила за да одбијат напад, без да имаат обврска притоа да се повлечат пред напаѓачот. Но, поради силниот притисок на афроамерикански здруженија, медиумите, па дури и претседателот Барак Обама, кој му изрази сочувство на семејството Мартин велејќи дека “кога би имал син би изгледал како Трејвон”, обвинителството покрена процес против Зимерман поради убиство од небрежност.

И обвинителството и одбраната се обидоа да изнесат докази против учесниците во тепачката, честопати преку медиумите.

Пресудата предизвика бурни реакции во јавноста со протести во повеќе градови. Меѓу тие што повикуваат на протести е и ќерката на познатиот борец за правата на Афроамериканците доктор Мартин Лутер Кинг.

– Денес е решавачки ден за статусот на сонот на мојот татко. Каква и да биде пресудата за Зимерман, како што рече мојот татко, мора да се однесуваме на повисокото ниво на достоинство и дисциплина, порача Бернис Кинг, повикувајќи протестите против пресудата за Зимерман да бидат мирни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top