| четврток, 6 декември 2018 |

Градот тоне, Петре Нова година слави

Оваа година Градот Скопје ќе организира дочек на новата година најави градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот.

На прашање на советничка, зошто лани немаше прослава, а годинава се одделиле пари во буџетот за таа намена, Шилегов одговори дека тоа било затоа што тој дошол на власт во ноември и не се знаело ниту кој ќе пее, ниту како ќе се украси градот.

– Оваа година ќе има прослава, знам и кој ќе пее и се ќе биде подготвено. Ќе го видите Скопје како никогаш досега, бидејќи скопјани го заслужуваат тоа – рече градскиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top