В сабота, на 29 септември, во 19 часот зградата на Клиниката за кардиологија во Скопје ќе се осветли со црвено светло, во траење од два часа. На тој начин ќе се повика на подобра превенција на срцевите ризик фактори и подобрување на здравите животни навики. Целта е подигнување на јавната свест за болестите на срцето, како главен причинител за смртност, да се подигне нивото на здрави животни навики, како физичка активност, намален внес на сол во исхраната, намалување на телесната тежина.
На 29 септември 2018 година, под покровителство на Светска Здравствена Организација (СЗО), во цел свет се одбележува Светскиот ден на срцето.
Оваа година мотото е : И моето срце, и твоето срце.
На тој ден, и целата недела потоа, низ целиот свет се организираат различни кампањи, промоции, активности, со цел да се привлече вниманието кон одредена срцева болест, зависно кое е мотото таа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст