| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ќе одредува вистински и лажни вест – дали принципот ќе биде се што не ми се допаѓа е лага?!

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција информираше за активностите кои Владата ќе ги преземе во насока на заштита на граѓаните од лажни вести и дезинформации, преку објави на социјалните мрежи, за време на претстојниот период пред референдумски молк.

Секоја вест, како што најави портпаролот на прес-конференцијата, која ќе биде детектирана дека е лажна или дека е дезинформација или пак полувистина, ќе биде соодветно идентификувана и, како што појасни тој, ќе биде објавено дека е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата.

МАКЕДОНИЈА(Видео) Бошњаковски: Во деновите до референдумот, Владата ќе ги штити граѓаните од лажни вести и дезинформацииОбјавено пред 3 минути – 27 септември, 2018Од Mak Fax

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција информираше за активностите кои Владата ќе ги преземе во насока на заштита на граѓаните од лажни вести и дезинформации, преку објави на социјалните мрежи, за време на претстојниот период пред референдумски молк.

Секоја вест, како што најави портпаролот на прес-конференцијата, која ќе биде детектирана дека е лажна или дека е дезинформација или пак полувистина, ќе биде соодветно идентификувана и, како што појасни тој, ќе биде објавено дека е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата.

„Вечерва завршуваат активностите на кампањата од јавен интерес со која Владата ги информираше граѓаните на нашата земја за придобивките од договорот со Грција и за придобивките од членството во НАТО и ЕУ, поврзано со референдумот кој треба да се одржи во недела. На полноќ настапува законски предвидениот молк и период до 30 септември, денот кој е одреден за изјаснување на граѓаните на референдумот. Врвен приоритет на оваа Влада, е на граѓаните да им биде обезбеден сеопфатен и објективен пристап до релевантни и точни информации, врз основа на кои граѓаните самостојно ќе одлучат како ќе се изјаснат на референдумот во недела“, изјави Бошњаковски.

На крајот, владиниот портпарол ги повика граѓаните да ги примаат сите вести со внимание, за време на молкот, да ги анализираат изворите од којшто доаѓаат информациите и да прават двојна проверка на секоја вест која им изгледа невообичаена или сензационална.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top