| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетгодишно девојче силувано од малолетник

Во Полициската станица Свети Николе вчера било пријавено дека истиот ден околу 03.00 часот во куќа во светиниколско село 17-годишник извршил обљуба врз 13-годишно девојче, информираат од МВР.

По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен  тим и родител, бил извршен разговор со девојчето.

По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top