| четврток, 6 декември 2018 |

Згмечен автомобил во сообраќајка на автопатот кон Тетово

Tешка сообраќајна несреќа се случила предмалку на автопатот Тетово – Скопје, по излезот од градот. Екипата на магазин.мк која се најде на местото, известува дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил и камион.

Среќна околност, и покрај ужасната состојба на возилото, е тоа што во сообраќајната несреќа нема жртви, но има потешко и полесно повредени за кои веќе интервенираше екипата на итната медицинска помош, пишува порталот.

Екипите на Министерството за внатрешни работи само што започнаа да вршат увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top