| четврток, 6 декември 2018 |

За анксиозноста и желбата да се самоубие: Жизел Бундхен проговори за приватниот живот

Познатата бразилска манекенка Жизел Бундхен, преку својата нова книга со мемоари „Lessons: My Path to a Meaningful Life“ („Лекции: Мојот пат кон живот со смисла“), откри многу детали до својот приватен живот. Книгата во продажба ќе излезе за неколку дена.

Во мемоарите Жизел говори и за своите први напади на паника кои почнале да се случуваат пред 15 години и кои на крајот ја довеле до состојба да размислува за самоубиство.

-Навистина размислував за тоа дека ако скокнам од балкон, најпосле ќе има крај и дека нема да можам да се грижам за мојот свет кој сè повеќе се смалуваше. Мислев дека сè околу мене може да ме убие. Прво тоа беа авионите, после лифтовите, тунелите, хотелите, студијата, па и автомобилите. На крајот имав страв и од својот стан. Сето околу мене стануваше кафез, се чувствував како заробено животно и не можев нормално да дишам. Помислував дека сè ќе биде полесно кога едноставно би скокнала- раскажува манекенката за People и додава дека нејзиниот живот го спасиле лекарите.

-Пушев, пиев по едно шише вино дневно и по три кафиња, а од сето тоа се откажав во еден ден- признава Жизел која денес живее семејна идила со сопругот Том Брејди и двете деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top