Во интервјуто, кое е најавено на насловната страница, Мицкоски вели дека граѓаните на Македонија сами ќе донесат одлука дали ќе го бојкотираат референдумот, но дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги информира за опасноста која произлегува од капитулантскиот договор на Зоран Заев со Грција.
Велите дека договорот од Преспа е штетен за Македонија. Дали тогаш сте изградиле став во врска со референдумот или останувате на тоа дека граѓаните да постапат по сопствено убедување?
Ние имаме изграден став, потекнува од нашата верба во мудроста на сите што живеат во Македонија. Ние немаме дилема за тоа дали граѓаните знаат што е добро за нив. Чуствуваме обврска само да ги информираме за опасностите кои произлегуваат од договорот со Грција, да ги разоткриеме сите лаги на Зоран Заев и да ја расчистиме маглата, која се обидува да ја покрие капитулацијата отелотворена во прифаќањето на грчките црвени линии. Одлуката дали граѓаните ќе излезат на гласање – тие ќе ја донесат сами. Граѓаните се доволно зрели за да знаат дали нивното наследство и наследството на нивните предци вреди 100 евра, како што смета Заев, дека треба да биде наградата на приватните бизнисмени за сите кои ќе одлучат да гласаат.
Што влијаело на ВМРО-ДПМНЕ да заземе таков став: внатрешните односи во земјата, првенствено судските постапки против членовите на вашата партија кои беа на значајни државни функции, или странски официјални лица кои со домашната власт не дозволиле да ги заштитите своите сопартијци?
Манипулациите и лажните вести кои секојдневно ги пласира СДСМ не само што губат на тежина, туку веќе стануваат предмет на исмевање и имаат контраефект. Затоа и власта е во паника. Доколку договорот со Грција е добар за Македонија и ако премиерот Зоран Заев е чесен и ужива поддршка, немаше да има потреба од помош од странски државници, ниту би водел валкана кампања полна со невистини. Ние принципиелно сакавме да и помогнеме на владата да преговара. Не исклучија на самиот почеток.Се информиравме преку медиумите и го слушавме Заев како се заколне во предците и децата дека нема да ја прифатат промената на уставот. После тоа, не убедуваше дека исклучиво ќе прифати решението – Илинденска Македонија, иако му укажувавме да не брза. На крајот, му укажавме дека референдумското прашање треба да биде недвосмислено и во согласност со Уставот, но повторно не изигнорира. Затоа нашиот став е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од хаосот што го создава Заев.
Референдумот за Преспанскиот договор ја подели Македонија во приврзаници на власта и опозицијата, но поделени се и странците.Западот е загрижен дека Русија ќе влијае на негативниот резултат од референдумот.Русија верува дека Вашингтон и американските пријатели од Европа се мешаат во внатрешните односи на Македонија, за да добијат што поскоро уште една балканска земја во НАТО. Што од ова според вас е точно?
Мнозинството граѓани се против капитуланскиотдоговор, без оглед на политичките убедувања. Сите се против Заев, затоа што, неспособен да спроведе политика која ќе го подобри стандардот на граѓаните, покривајќи ваков штетен договор. Дали тука има некое странско влијание – со сигурност не можам да кажам. Заев, кој ги има сите информации од безбедносните служби, беше првиот што рече дека има мешање на руски бизнисмен, и сега тој го негира тоа. Мнозинството граѓани и јас се определуваме за ЕУ и НАТО, но не се согласуваме со капитуланскиот договор и нема да аминуваме.
Тврдите дека Преспанскиот договор ќе има сериозни последици врз македонската држава.На кое поле: суверенитетот на државата, идентитетот на народот, македонскиот јазик или нешто четврто?Зошто ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од една деценија на власт, подобро не го реши проблемот со Грција?
Ниту еден политичар досега не ги прифати црвените линии на Грција. Преспанскиот договор ја обезличи и ја избриша Република Македонија. Го менуваме уставното име и уставниот идентитет. Формираме комисии кои ќе напишат нова историја, традиција и култура со бришење на постојните. Овој договор е најдобар само за Грција. Заев сега ги крие уставните амандмани од народот. Зошто би го правел тоа ако се добри? Или се издаде кога изјави дека граѓаните непријатно ќе се изненадат ако амандманите се објават сега?
Зошто тогаш не земате експлицитна позиција за тоа како да гласате на референдум? Што ќе заокружите вие во недела?
Мојата лична одлука, граѓаните ќе ја видат на 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст