Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и на Хрватска до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк, на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ.
– Се договоривме да ја интензивираме нашата соработка, пред сѐ, за стабилизирање на нашиот регион. Планираме до крајот на годината четворицата заедно да ги посетиме Албанија и Северна Македонија за да видиме на кој начин ќе им помогнеме во процесот на европскиот пристап, рече Никос Коѕијас по завршувањето на средбата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција е дел од грчката делегација предводена од Алексис Ципрас на Генералното собрание на ОН, а во текот на денешниот ден Никос Коѕијас ќе оствари средба со специјалниот претставник на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст