
Маратонските рочиштата за „27 април“ може да придонесат за повторување на судскиот процес, сметаат во коалицијата „Сите за правично судење“. Посочуваат пример од Европскиот суд за човекови права кој заради две 15 часовни рочишта одлучил дека е нарушено правото на фер и правично судење и е неопходно повторување на постапката.
– Ја издвоивме оваа судска пракса на Европскиот суд за човекови права која што пракса е обврзувачка и за судовите во Р. Македонија со најдобра намера и цел да посочиме на евентуални повреди како не би се случувале во иднина за во крајна линија и државата да не трпи штета пред Европскиот суд за човекови права, вели Натали Петровска, Директор на Коалиција „Сите за правично судење“.
По неколкуте реакции за времетраењето на рочиштата, вчера се огласи судиката која го води предметот. Според Добрила Кацарска, расправите биле во согласност со конвенцијата на Европскиот суд и правото за судење во разумен рок. Обвинителката Вилма Рускоска пак смета дека можеби се чинело дека судењата траат предолго, но само така можело во најкратко време да се утврди дали 33-цата се виновни за делото кое им се става на товар.
Предпоследната судска расправа за предметот „27 април“ траеше 13 часа.
(извор- Сител)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


