| четврток, 6 декември 2018 |

Со Договорот од Преспа, Македонија станува единствената држава која се откажува од своите национални малцинства

Во денешното гостување во „Топ Тема“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека според Договорот од Преспа, Македонија ќе стане единствената држава која се откажала од своите национални малцинства.

– Клучно во однос на дијаспората односно членот 49, едно е дијаспора друго се национални малцинства. Национални малцинства се некој што е роден во таа држава, а има различна етничка припадност од мнозинскиот народ, а дијаспора е некој да се исели од оваа држава во друга. Едно е македонец во Германија, друго е македонец во Лерин. Македонецот во Лерин е роден таму и нема алтернативна држава. Ние со ова се откажуваме од грижата за нив и со членот 7 допоплнително стануваме единствена држава што се откажуваме од Македонците надвор од државата во соседните држави и иплицитно признаваме дека сме вештачка држава и вешчтака нација создадена во овие граници, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top