| четврток, 6 декември 2018 |

Сите медиуми впрегнати во кампањата на СДСМ: Граѓаните слушаа само за вистината на Заев

Предреферендумската кампања е во финалето, а слободно може да се каже дека медиумите добро одработеа во корист на Владата и незјината розова лага За европска Македонија. ПРОТИВ референдумот и за БОЈКОТ на референдумот не се известуваше.

На самиот крај на камапањата за референдумот кој ќе се одржи во недела, тешко е да се занемари фактот дека во оваа кампања застапена беше само една страна, односно кампањата на власта под мотото Излези за европска Македонија. Нешто повеќе од 10-ина дена на буквално сите медиуми, телевизии, радио станици, веб-страни како и печатените медиуми, граѓаните се бомбардирани со „црвеното ЗА“ обвиткано во обландата „За европска Македонија“ без во кампањата воопшто да се спомене промената на уставното име на државата, промената на Уставот и договорот од Преспа.

Ова го потврдуваат и од Агенцијата за медиуми во чиј последен извештај за известувањето на медиумите се вели дека граѓаните не се еднакво информирано за различните гледишта за референдумот. Во голем дел од медиумските информативни програми, вести и дебатни емисии, не се претставени рамномерно сите страни и ставови за референдумското прашање.

– Во услови кога немаше јасни и еднакво активни линии на агитација („за“ наспроти „против“ и/или „бојкот“) беше тешко радиодифузерите да се потпрат на известувањето од настаните за да ѝ обезбедат на публиката разновидност на гледиштата. Оттаму, посветеноста на некои од нив кон начелото еднакво да ги третираат различните гледишта може да се забележи во подготвеноста, во вестите да понудат ставови на аналитичари, политиколози, историчари, експерти во други релевантни области кои ќе им овозможат на граѓаните поцелосен и продлабочен увид во прашањата кои треба да ги имаат предвид за да донесат информирана одлука за референдумот“, стои во соопштението од АВМУ.

Агенцијата забележува и прекршоци во емитувањето на платената политичка програма, а за некои медиуми, веќе поднесе и прекршочни пријави.

По се изгледа, кога СДСМ е на власт, за АВМУ нема проблеми во небалансираното информирање, па за она што се критикуваше со месеци, сега и не е толкав проблем, и тоа ни помалку ни повеќе, во еден од најважните периоди за државата кога граѓаните треба да се изјаснат за овој Договор потпишан од Заев и Ципрас.

Според проценките, во изминатиот период соодност на вести и прилози и информации ЗА и против или бојкот на референдумот 30-1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top