Приштинската делегација, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли, не добиле покана за седницата на Генералното собрание на ОН, и тие во Њујорк престојуваат приватно, соопшти портпаролот на ОН, Ери Канеко.
– Тие не се официјално повикани, причините се познати и тие можат да бидат само приватно во Њујорк, рече Канеко.
Таа демантира информации од Приштинската ТВ Клан Косова, кои јавија дека Тачи учествува во работата на Генералното собрание. Како што пренесе приштинска Бота сот, повикувајќи се на Прешева јон, Канеко објаснила дека во работата на ГС учествуваат претставници на држави членки на ОН со покана, а во расправата на високо ниво може да зборуваат само претставници на државичленки и постојани набљудувачи, пренесе Танјуг.
Таа вели дека Приштина нема ни статус на постојан набљудувач во ОН туку дека тоа се само Ватикан и Палестина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст