Руската 23-годишна манекенка Екатерина Стетсук тврди дека во Дубаи дошла од Иркутск во Сибир и веднаш потоа нејзиниот шеф, Пакистанец, кој е сопственик на агенција за модели, се обидел да ја силува во хотелска соба. Тој ѝ се заканувал со нож, раскажа Екатерина во телевизиската програма „Он еар лајв“. Шефот, пак, на медиумите им кажа дека Екатерина се обидела да се убие.
По падот, таа заврши во болница, каде што ѝ е вградена плоча од титаниум во ‘рбетот, па таа може да оди. Во таква состојба таа беше уапсена.
„Полицијата ме извлече од болнички кревет, јас буквално тогаш можев да ги движам само прстите и вратот. Тие ме ставија во инвалидска количка, го зедоа мојот мобилен телефон и ме фрлија во затвор“ рече таа додавајќи дека ја обвиниле оти нападнала маж со нож и дека го повредила.
По три месеци поминати во затвор, таа беше вратена во Русија, а нејзиниот шеф беше депортиран во Пакистан. Тој не беше во затвор.
Екатерина тврди дека ја научила лекцијата, свесна дека погрешила кога ја прифатила работата во Дубаи и вели дека имала среќа што останала жива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст