Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вечерва во Њујорк ќе организира вечера за премиерите на земјите од Западен Балкан присутни на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Како што соопшти Европската комисија, на вечерата ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој во текот на вчерашниот ден имаше средби со некои од министрите за надворешни работи од Западен Балкан.
На средбите Хан нагласи дека регионалната поврзаност претставува катализатор за напредокот на западнобалканските земји кон ЕУ, за поттикнување на економскиот раст и за отворање нови работни места.
– Западнобалканската шесторка би требало да го искористи сегашниот позитивен момент кога станува збор за проширувањето, порача Хан на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст