| четврток, 6 декември 2018 |

Хаѕидакис: Нова демократија нема да го промени ставот за Договорот од Преспа

Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.

– Чекаме да видиме по референдумот и резултатот од него, што ќе прави владата. Господинот Ципрас и господинот Коѕијас велат дека имаат мнозинство во парламентот, така да, штом имаат нека го донесат да го поддржат овој договор. Ние, она што го гледаме секој ден е дека другата страна тврди дека се Македонци, дека говорат чисто македонски јазик и мислам дека со ова се потврдува дека беа во право сите оние кои го критикуваа овој договор што е на товар на едната страна, вели Хаѕидакис, јави дописничката на МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top