| четврток, 6 декември 2018 |

Пет навики кои можат да ви го продолжат животот

Научници од Харвард откриле дека овие пет здрави навики, можат да ви го продолжат животот за 10 години. Со менувањето на животниот стил, жените можат да го продолжат својот животен век за 14, а мажите за 12 години.

Во овие 5 навики спаѓаат:

– Здрава храна
– Редовно вежбање
– Одржување нормална килажа
– Минимално консумирање алкохол
– Престанок со пушење

Иако ова се веќе познати факти, истражувањето докажува колку добар ефект можат да имаат овие здрави навики, пренесува “Independent”.

Исто така, луѓето кои живеат здрав живот, имаат 82% помалку шанси за заболување од кардиоваскуларни болести, и 65% помала веројатност да заболат од рак, во однос на оние кои помалку внимаваат на своето здравје.

Ова истражување, објавено во магазинот “Circulation”, вклучувало податоци од изминатите 34 години, за 78.865 американски жени и во изминатите 27 години за 44.354 мажи.

Истражувањето докажало дека одржувањето на индексот на телесна маст, не консумирањето на тутун, одржување на телесната маса со секојдневно 30-минутно вежбање, минималното внесување на алкохол во организамот и здравата исхрана, имаат големо влијание на трајноста на животниот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top