Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден останува во Москва. Заврпил состанокот во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“ помеѓу Сноуден и претставниците од организациите за заштита на човековите права и адвокатите. Тој изјавил дека сака да остане во Русија.
-Можам да ја прифатам само руската понуда поради неможноста да заминам. Нема да преземам ниту пак да планирам активности кои можат да им нанесат штета на САД. Им посакувам сѐ најдобро на САД – рекол Сноуден.
Тоа е условот кој претседателот на Русија, Владимир Путин го постави на Сноуден за да добие политички азил на територијата на Русија.
Сноуден рекол дека ќе остане во Русија, но сепак сакал да ги посети сите земји кои му понудија азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


