Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Независен“ вели дека референдумот за промена на името закажан за 30 септември нема да успее.
Во интервјуто кое го објавува весникот, Мицкоски стравува дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба. Покрај тоа, изразува сомнеж дека премиерот Заев договорил нова бенефиција за албанската заедница во пресрет на претседателските избори. Повторува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменлив: тие се против договорот со Грција, но остава секој од граѓаните да размисли како ќе постапи.
Во интервјуто за „Независен“, Мицкоски вели дека потпретседателот Митко Јанчев делува согласно нивната стратегија, а не против него лично. Уверен е дека тие што ќе апстинираат и тие што ќе гласаат „против“ договорот со Грција ќе бидат побројни од оние што ќе гласаат „за“.
Дали партијата ќе ги поддржи уставните промени доколку се исполни цензусот на референдумот и повеќето од граѓаните гласаат „за“?
– За да помине референдумот треба да излезат над 900 илјади граѓани и повеќето од нив да гласаат ‘за’. Ако тоа се случи, нешто во што не верувам, тоа ќе биде волјата на народот. И, јас немам намера да одам против неа. Не можете да велите дека сте демократ, а да не ја почитувате волјата на народот, но воедно очекувам и доколку не биде успешен – тоа да го почитува власта. Го слушам Никола Димитров пред некој ден кажува дека без оглед на тоа каков е референдумот, уставните амандамни ќе ги прателе во Собрание. Почекајте малку, тоа така не оди. Како ќе праќаат амандмани, а народот не се изјаснил за договорот кој значи себепрекрстување? Какво е ова множење со нула на народот? Па ако е така, еве Димитров и Заев нека владеат доживотно, нека нема избори. Но, не е така. Од друга страна, дали е ова најава дека власта знае оти договорот нема да има зелено светло од народот и сега се обидува да го прескокне? Зошто тогаш трошеа милиони за да ги убедуваат граѓаните во нешто што е штетно? Неуспешен референдум ќе значи дека договорот не поминал. Тоа јас не го велам, тоа го вели законот. И тука извртувања на тезата која ја прави Димитров не држи, од типот ќе одлучуваат само оние кои ќе излезат. Ова не е држава само на тие кои излегуваат на гласање, ова е држава на сите граѓани. Втора работа, ако одиме по тој принцип, да учествуваат во одлуките оние кои гласаат, тогаш ајде да ја вратиме и територијалната организација пред референдуот во 2004 година. Мнозинството граѓани не ја поддржа новата територијална организација, која сепак стапи во сила, а токму потпретседателката Радмила Шекеринска беше таа која велеше некои прашања не заслужуваат одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи