| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскоп: Како и кога ќе пронајдете вистинска љубов?

Вашиот хороскопски знак има големо влијание на вашата судбина и начино на кој ви е судено да пронајдете љубов. Еве како ќе пронајдете љубов, барем според вашиот хороскоп:

Овен

Овенот е познат по својата авантуристичка природа. Откако ќе го прифатите тој факт, ќе го најдете тоа забавно место во себе и ќе ја откриете најдобрата верзија од себеси, а така и ќе ја најдете својата љубов. Кажете ДА на спонтани викенд-излети, групни активности, како и добротворни настани. Понекогаш најдобрите работи во животот доаѓаат од најнеочекувани настани.

Бик

Бикот е познат по своето големо срце. Но, понекогаш не забележувате колку сте прекрасни. Вам ви е потребно постојано чувство дека сте сакани за да чувствувате стабилност, па затоа понекогаш ги форсирате луѓето да ве сакаат и на тој начин ја занемарувате сета љубов која веќе ја имате. Погледнете ја сета љубов која ја имате во животот и ќе ја пронајдете својата стабилност. Престанете да ја прогонувате љубовта и ќе ја отклучите најдобрата верзија од себе. Ќе бидете магнет за луѓе.

Близнаци

Близнаците се познати по својата желба добро да се забавуваат. Знаете дека во животот постои и нешто друго освен романтични односи и дека љубовта има различни облици. Но, понекогаш, токму поради тие уверувања можеби ќе се чувствуваше како со вас нешто да не е во ред и тогаш можеби на сила ќе се натерате да барате партнери. Прифатете ја својата природа. Прифатете го она што навистина го сакате. Не морате да барате партнер. Правете го она што навистина го сакате, а вистинската љубов ќе ве пронајдат вас.

Рак

Ракот е познат по несебичноста. Ја сакате идејата за семејство и сакате да ги засмејувате другите луѓе. Но, вистинското задоволство го наоѓате во себе. Вие повеќе се грижите за својот духовен развој и излегување од комфорна зона, отколку што се грижите за наоѓање на партнери. Најдете го мирот во себе, сфатете колку сте прекрасни и дозволете им и на другите да го видат тоа.

Лав

Лавот е познат по својата гордост. Ја знаете својата вредност. Имате сопствен интегритет. Но, понекогаш мислите дека морате да го намалите тоа за другите да можат да ве сакаат. Немојте да се менувате само за да одговарате на туѓите замисли за тоа какви треба да бидете. Останете верни на себеси. Живејте го животот кој сте го создале и кој го сакате. Сочувајте го својот интегритет и дозволете им на другите да ве запознаат. Тоа се луѓето кои навистина ќе ви значат.

Девица

Девиците се познати по својот перфекционизам. Вие забележувате детали кои другите никогаш не ги забележуваат. Најголемите мистерии можете да ги решите само со поглед. Но, вие секогаш ја заборавате најголемата мудрост: совршенство не постои. Перфекционизмот е активност на умот. Прифатете го фактот дека недостатоци секогаш ќе има и останете отворени за различни можности.

Вага

Вагите се познати по мирната природа. Вие сте личноста која ја смирува ситуација секогаш кога има конфликт. Можете дури и потполно да избегнете конфликти. Вие сте личност која сака луѓе, животни, природа. Но, кога станува збор за пронаоѓање љубов, можеби вие не ја гледате, а личноста е околу вас. Бидете личност која ќе шири љубов. Немојте лично да ги сфаќате одбивањата. Ако вие сте личност која има голем капацитет за љубов, не значи дека и другите го немаат истиот потенцијал, само понекогаш некои луѓе треба да бидат поттурнати во вистинската насока.

Скорпија

Вие сте познати по својата проникливост. Лесно можете да погодите за што размислуваат луѓето. Вие сте мајстор за човековата психологија. Но, ако постојано лутате низ лавиринтите на туѓите умови, би можеле да се изгубите во чудната реалност која ви носи само студенило. Можеби ќе се изгубите во планирање на различни шеми и на крај се враќате во своето срце. Не ја испуштајте својата цел од својот ум и пронајдете си го своето место. Кога ќе го пронајдете своето место, ќе откриете еден цел нов свет надвор од лавиринтите. Таму ќе најдете љубов која ќе вреди повеќе од сѐ на светот.

Стрелец

Вие сте познати по својата слобода. Не сте врзани за туѓите уверувања или однесување. Сакате да истражувате, патувате и да искусите нови работи. Обичните работи ве гушат. Бидете искрени кон своите чувства. Понекогаш врските ве плашат, но дајте им шанса. Работите нека бидат едноставни. Направете да бидат едноставни. Ширете ги своите крилја и ќе најдете љубов.

Јарец

Јарецот е познат по начинот на размислување кој е усмерен кон целта. Вие сте одговорни и понекогаш се чувствувате како да ја носите тежината на другите луѓе на своите рамена. Тоа може да биде истоштувачки и затоа понекогаш сакате да избегате. Тогаш почнувате да барате забава во излегувањата. Но, кого залажувате? Тоа не е она што навистина го сакате. Нешто одвнатре ве тера да ги остварите своите цели. Направете го тоа што морате да го направите, особено за работи за кои чувствувате страст. Тоа е привлечно за луѓето и тие ќе ви ја дадат љубовта која ја барате.

Водолија

Вие сте познати по своите соништа. Гледате можности онаму каде другите луѓе не гледаат ништо. Затоа понекогаш се случува да се чувствувате осамено. Можеби понекогаш размислувате да влезете во врска само за да не се чувствувате осамено. Но, немојте да го правите тоа. Не дозволувајте да бидете во потпросечна врска само за да не бидете сами. Вие вредите. Вие давате надеж. Им покажувате на другите луѓе како да сонуваат. Не се сложувајте со ништо помалку. Подобро е човек да биде сам и да се открие себеси и да ја чека личноста која ќе ја види неговата вредност. Бидете светилник и оставете „бродовите“ да ве бараат вас.

Риби

Вие сте познати по својата флуидност. Можете да поминувате време со секого и ги разбирате сите. Но, поради тоа може да се случи да заборавите кои сте. Вашата дуалистичка природа може да ве одведе далеку од вашиот пат. Обидете се да се грижите за себеси и бидете добри кон себеси. Славете се себеси и она што му го давате на светот. Не ви требаат други луѓе за да ви дадат одобрување, можете да бидете она што сте. Така и ќе најдете љубов. Подобро речено, така љубовта ќе ве пронајде вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top