Фолк пејачката Ирена Спасовска и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевски долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, и веста за нивниот прекин ја изненади јавноста. Орце вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило, и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.
-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција – раскажува водителот за Фокус.
Додава дека не е човек кој што сака да биде во центарот на вниманието, и како е вознемирен од сите шпекулации поврзани со неговиот приватен живот.
И Ирена Спасовска во разговор за ,,Фокус” вели дека со Орце го продолжуваат животот, секој на своја страна. Додава дека изминатиот период и бил полн со разочарувања, како за неа, така и за нејзиното дете, родители и пријатели, но сепак собрала сили и се вратила на своите редовни обврски, на настапите и снимањата.
-Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите. Очекував тој како маж да ме заштити, да не дозволи некој да си игра со мојата чест и да се објавуваат невистини. Поради мојата професија, јас сум во контакт со многу луѓе, колеги, музичари, настапуваме заедно. На оваа возраст, по сите години минати на естрадата, јас не можам да се правдам и да објаснувам што било, а што е само шпекулација. Треба да се има доверба. Орце е добар човек, и мислам дека токму поради таа негова добрина тој не успеа да одговори на нападите врз мене, да ги спречи. Само јас си ја знам вистината, и мене дури и зборот неверство ми звучи грдо и не сакам да се спомнува. Но, овие лоши случувања се зад мене, продолжувам напред сама, периодов ме очекуваат многу настапи и турнеји, посветена сум на кариерата – раскажува Спасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст