| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијан Бергер и Кристоф Кантер говореа за визуелниот стил во филмовите на Ханеке

Како дел од програмата „Првите филмови први“, мастер класа одржа кинематограферот Кристијан Бергер и сценографот Кристоф Кантер на тема „Создавањето на визуелен стил во филмовите на Ханеке“.

Присутните ги поздрави директорката на фестивалот Гена Теодосиевска и координаторот на програмата Стефан Арсенијевиќ, кој рече дека му чест што веќе трета година оваа програма соработува со фестивалот „Браќа Манаки“. Модератор на предавањето беше Самир Љума. Предавањето беше фокусирано на три филмови од Ханеке на кои тие соработувале. На прашањето дали сценографот на филмот е некој вид културен антрополог, Кантер одговори дека тоа е навистина е така бидејќи треба да се истражи темелно за сите ореденици на времето што е прикажано во филмот. Бергер ја истакна соработката со неговите колеги кинематографери од кои еден е токму Роџер Дикинс,  кој му помогнал кога го работел филмот „Белата панделка“.

Во однос на кадрирањето, Бергер посочи дека со тек на времето, добриот кинематографер едноставно развива чувство колку информации треба да му даде на гледачот. Тој многу често бил инспириран од ликовната уметност. Бергер и Кантер беа согласни дека работејќи на филмовите на Ханеке треба секогаш да бидат сигурни дека имаат иста интерпретација како режисерот, особено за она што не е напишано во сценариото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top