| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за стружанец: Нападнал голман по фудбалски натпревар незадоволен од резултатот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (22) од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“.

Минатиот месец во село Драслајца, струшко, по завршувањето на фудбалски натпревар, пријавениот, изреволтиран поради изгубениот натпревар, физички нападнал 20 годишно лице кое на натпреварот учествувал како голман на една од екипите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top