Вчера околу 19 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, било пријавено дека бил донесен Н.Р.(22), кој имал повреди добиени од физички напад во село Арачиново, скопско.
По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13 часот во село Арачиново на улица „1“, додека Н.Р. управувал патничко моторно возило „Ауди“, две патнички возила му го попречиле патот, при што од истите излегле шест вооружени лица. При тоа, истите со едно од возилата, го однеле оштетениот во објект лоциран на улица „11“ во село Арачиново, каде физички го нападнале, при што го држеле затворен околу половина час.
Потоа, во објектот пристигнал братучед на Н.Р. кој го пренел истиот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од страна на Н.Р. како сторители се посочени неколку лица од село Арачиново поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст